Чоколаден мус во чашка, готов за 10 минути

За сите љубители на чоколадно задоволство кои не се многу вешти во кујна – ова е рецепт за чоколаден мус. Се прави многу брзо, а крајниот резултат е „прсти да излижеш“.
Потребни состојки (за 4 порции):
1 шолја чоколадни мрвици или сецкано млечно чоколадо
1/3 шолја полномасно млеко
¾ шолја слатка павлака


Во длабок огноотпорен сад измешајте ги чоколадните парченца и млекото. Ставете ги во микробранова печка на 1 минута или на тивка температура на рингла, за да се стопи чоколадото и да се соедини со млекото. Почекајте 15 минути да се олади смесата.
Кога ќе се олади чоколадото, во друга смеса изматете ја слатката павлака за да добиете густа смеса како шлаг. Додадете ја слатката павлака во чоколадото и полека мешајте за да не стане смесата премногу течна.
Ставете ја во четири шолји или чашки и оставете ги во фрижидер на 2 часа или преку ноќ за добро да се стврднат.
Декорирајте ги по желба со шлаг, парчиња овошје или бисквити.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.