Какао мафини со банана

ЗА ТЕСТО
1јајце
50 г шеќер
100 г брашно
50 мл масло
40 мл млеко
25 г какао
1 1/2 лажичка прашок за печиво
малку сол
ЗА ФИЛ
200 мл хопла
100 г шеќер во прав
1 банана
Во длабок сад со миксер изматете ги јајцето и шеќерот. Додадете ги млекото, маслото, брашното, какаото, прашокот за печиво и малку сол. Матете ја смесата со миксерот додека не се соедини. Нанесете ја во хартиени корпички во калап за мафини. Печете 20 минути на 200 степени. Откако ќе се изладат извадете ги од корпичките.
На мафините со лажичка направете им длабнатини на горната површина. Во длабнатините ставете кругови банана.
Хоплата изматете ја со шеќерот во прав и со готварски шприц нанесете ја на мафините. Издлабените делови од мафините изронете ги и наросете ги на изматената хопла.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.