Чорба од спанаќ и морско оревче

Спанаќот е растение кое е многу богато со вода. Тоа има многу ниска калорична вредност, 2,2 % протеини, 3,9 % јаглехидрати и 0,5 % масти’. Спанаќот содржи:
Фолна киселина – 50% од дневно препорачаната доза по оброк
Витамин А-60% од дневно препорачаната доза по оброк
Витамин Ц-35% од дневно препорачаната доза по оброк
Железо-20% од дневно препорачаната доза по оброк
Магнезиум-20% од дневно препорачаната доза по оброк
Рибофлавин-15% од дневно препорачаната доза по оброк
Калциум-10% од дневно препорачаната доза по оброк
Калиум-15% од дневно препорачаната доза по оброк
Витамин Б6-15% од дневно препорачаната доза по оброк
Витамин Е-15% од дневно препорачаната доза по оброк
За што е добар спанаќот?
Спанаќот го подобрува работењето на срцето и функцијата на мускулите. Тој го потикнува функционирањето на панкреасот, а влијае врз намалување на крвниот притисок, со што го плеснува работењето на срцето и бубрезите. Спанаќот е вистински детоксикант за организмот го чисти токсините и ги буди сите забавени метаболички процеси. Спанаќот исто така влијае во јакнење на влакната на косата, јакнење на ноктите, а ја чува и одржува виталноста на кожата. Спанаќот го чува здравјето на нервниот систем, но исто така го засилува и чува имуниот систем, благодарејќи на високите количества на витамини кои ги содржи. Огромната количина на фолна киселина јасно укажува дека спанаќот треба да биде конзумиран од страна на анемичните лица и бремените жени, спанаќот содржи и многу железо, па поради ова тој е делотворен без разлика за каква анемија се работи.

На што треба да се внимава?
Спанаќот се јаде веднаш по приготвувањето , еднаш подготвен спанаќ не смее повторно да се подгрева. Не користете многу вода додека го готвите спанаќот, за да го зачувате неговиот квалитетен нутритивен статус.
Чорба со спанаќ и морско оревче
Состојки:
– 950 мл вода
– 450 гр спанаќ
– морско оревче
– сол
– ореви
Подготовка:
Ставете вода во поголемо тенџере и кога ќе зоврие додадете го спанаќот. Гответе најмногу една минута.
Испасирајте го додека не добиете еднаква смеса. Додадете сол и малку морско оревче.
Супата можете да ја украсите со грубо исечкани ореви.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.