Шарена салата со зелка и јаболко

700 г зелка
350 г брокула
1 главица кромид
1 поголем морков
1 јаболко
Состојки за сос:
1/2 шолја кисела павлака
1 лажица оцет
3 лажици вода
шеќер, сол и мелен црн пипер по вкус
Сите состојки за салатата крупно изрендајте ги во сад и измешајте.
Во друг сад направете сос од зачините, водата, оцетот и киселата павлака.
Прелијте го зеленчукот во садот со сосот и промешајте ја салатата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.