Шарлот постигнаа 51 поен во првата четвртина на натпреварот со Милвоки и го повтори рекордот во НБА

 Екипата на Шарлот хорнетс ја доби првата четвртина од мечот против Милвоки бакс со резултат 51:28.

Така, Хорнетс го повторија рекордот на Голден Стејт вориорс за учинок во почетната четвртина од натпреварот. Бранителот на титулата во НБА-лигата исто така постигна 51 поен против Денвер на 15 јануари 2019 година.

Тери Розиер беше најефикасен во тимот на Шарлот со 39 поени од кои 17 поени во првата четвртина.

Натпреварот заврши со победа на Хорнетс 138:109.

За Шарлот ова беше само 11 победа на 40 натпревари, додека Милвоки го претрпе 14 пораз во 39 натпревари од регуларниот дел на НБА-лигата. 


Пронајдете не на следниве мрежи: