Шницли во сос

4 свински шницли
1 главица кромид
2-3 кисели краставички
250 мл супа од коцка
150 г брашно
150 г лебни трошки
2 јајца
рендана кора од 1 лимон
магдонос
масло, сол и мелен црн пипер по вкус
Шницлите посолете ги, наросете ги со црн пипер и истолчете ги. Свалкајте ги во брашно, изматени јајца и лебни трошки измешани со рендана кора од лимон, и испржете ги.
Кромидот ситно исечете го и испржете го. Додадете ги краставичките, магдоносот, 1 лажица брашно, сокот од лимон и супата од коцка, и варете додека сосот да се згусне.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.