Шпагети во пикантен сос со печурки

Предлог што да зготвите за денешниот ручек. Ако сте љубител на тестенини, ќе ви се допадне овој рецепт.
Потребни состојки:
500 г шампињони
3 главици кромид
2 чешниња лук
1 морков
Сос од домати
Сол и бибер
Чили во прав


Оригано, босилек, мајчина душичка
2 лажици масло
Малку путер
1 лажица сенф
Начин на подготовка:
Во длабок сад ставете масло и путер и пропржете го кромидот со морковот, додајте лук и додавајте по малку вода. Сварете ги шпагетите според упатството за подготовка на пакувањето. Додајте ги печурките кои претходно ќе ги исечкате на листови. Печурките ќе испуштат течност, а откако ќе испари течноста додајте го сосот од домати и зачините, а потоа белото вино и оставете го сосот да се вари на умерена температура додека да се згусне. На крајот додајте една лажичка сенф и промешајте. Додајте ги шпагетите во сосот, промешајте и послужете.
*За подготовка на ова јадење може да го користите домашен доматен сос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.