Шпагети од тиквица со печурки

Денес готвиме заедно со Тања Павловска која за вечера ни подготви “лажни” шпагети од тиквица, погодни и за ручек . Останатите рецепти на Тања можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.
Рецепт
1 парче Зелена тиквичка
200 гр. Печурки
1 чешне Лук
1 лута Феферонка
Магдонос
Сусамово масло
Сол


Инструкции за готвење
1 | Подготовка на печурките
Шампињоните ги сецкаме и ги ставаме да се пржат неколку минути со малку ситно сецкано лукче на масло од сусам.
2 | Подготовка на шпагетите
Шпагети од тиквица може да направите со спирализер. Доколку немате спирализер, може да го искористите и лупачот за компири со кој може да добиете тенки ленти од тиквичка. Може да ги консумирате свежи или пак кратко да ги обарите.
Шпагетите посебно се мешаат со малку сол и масло. Ситно се сечка магдоносот и домашните лути феферончиња. Ги додаваме лукчето и печурките, магдоносот и лутите феферончиња, како би се споиле сите вкусови заедно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.