„Што постигна Вимблдон што ни забрани да играме? Војната сѐ уште трае!“

Петтата светска тенисерка Арина Сабаленка разочарувачки ги запраша организаторите на Вилблдон, каков ефект имале што на руските и белоруските тенисер(к)и им забрани лани да играат на најпрестижниот гренслем, кој не се бодуваше за АТП.

Поради агресијата врз Украина, руските спортист(к)и добија забрани од сите меѓународни спортски федерации како дел од големиот пакет на сакнции на Западот кон Русија, а и дел од белоруските спортист(к)и се соочија со слични проблеми. Но, ефектот остана ист – не придонесе војната во Украина да запре.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.