Шубара торта

ЗА ПАНДИШПАН
8 јајца
8 лажици шеќер
8 лажици брашно
100 мл масло
100 мл млеко
3 лажици какао
1 прашок за печиво
200 мл млеко
ЗА ФИЛ
1 литар млеко
8 лажици брашно
6 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
100 г бело чоколадо
125 г маргарин
150 г шеќер во прав
150 г кокосово брашно
ЗА ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ
100 г црно чоколадо
50 г маргарин
Прво, подгответе калап за печење и вклучете ја рерната на 180 степени.
Изматете снег од шест белки, постепено додавајте шеќер и на крај жолчките. Изматете уште малку, па со лажица измешајте ги сите останати состојки за пандишпанот. Печете околу 40 минути, па кога ќе се излади, пресечете го на половина за да добиете две кори.
Загрејте 800 мл млеко со шеќер и ванила. Во 200 мл млеко измешајте го брашното, па додадете го во свареното млеко. Непрекинато мешајќи варете го кремот додека се згусне. Тргнете го од шпорет и во врелиот крем ставете ги коцките бело чоколади за да се стопат. Измешајте, па оставете да се излади.
Посебно изматете ги маргаринот и шеќерот во прав, па спојте ги со изладениот фил. Ставете ја кората на послужавник, попрскајте ја со 100 мл млеко, премачкајте ја со фил, па повторно ставете кора попрскана во млеко. Оставете ја тортата во фрижидер еден час.
Премачкајте го страничниот дел со фил, наросете кокосово брашно и озгора прелијте ја со чоколаден прелив. Пред да ја пресечете, оставете ја тортата добро да се излади.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.