Ширењето на информации дека во водата во Скопје има ешерихија коли, според скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски е организиран обид од опозицијата. Во текот на денот ќе бидат сублимирани сите профили и ќе бидат доставени до МВР, најави Ѓорѓиевски.
Ваквиот обид, тој го спореди со теротистички напад.
Ние годинава немаме проблем со водоснабдувањето и притисокот и затоа се шират лаги. Ова е организиран напад од опозицијата, не мислам само на СДСМ, мислам и на онаа сателит партија штом им помага често пати. Овој организиран напад на ширење хистреија е еднаков на терористички напад и затоа се сублимираат сите профили и во текот на денот ќе бидат доставени до МВР и ќе бараме да се постапи соодветно против истите, изјави Ѓорѓиевски на денешната вонредна прес-конференција на која испи чаша вода за да покаже дека водата во Скопје е безбедна за пиење.
Вели дека уште од вчера имал информации дека од одредени центри ќе се шири паника дека наводно е присутна одредена бактерија во водата.
– Прво почнаа приказни дека има опасност изворот Рашче да се загрози поради депонијата која е присутна таму 30 години. Откако вчера го разбив тој меур од сапуница, сега почна да се шири паника дека во водата има ешерихија коли. Се шири по групи во градинки, школи и останатите Фејсбук групи. Се вели дека некоја госпоѓа дознала од пријателката дека се направиле испитувања на водата и откриена е бактерија. Водата во Скопје е меѓу петте најбезбедни води во Европа. Јас не сум монструм да дозволам животот на моите сограѓани да биде загрозен. Вода од чешма пијам јас, моето семејство и мојот 8-годишен син, рече Ѓорѓиевски
The post Ѓорѓиевски најавува реакција на институциите за ширењето на паника меѓу скопјани appeared first on Provereno.



