Јакимовски ги оцени советниците во Општина Карпош со тројка: Живееле во дивоградби, не гласаат за легализација

Советниците од Општина Карпош, кои живееле во дивоградби и си ги легализирале, гласаат против легализација на куќи на граѓани со комплетна документација, изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој даде оценка „добар 3“ за односите помеѓу него и советниците.

-Некогаш ни се случуваат илузорни работи, на пример, треба да се легализира куќа на граѓанин, кој ги исполнил сите услови, вклучувајќи и согласност од Град Скопје, од Министерство за екологија, а апсурдна е ситуацијата кога ќе видите дека против тоа гласаат советници што живеат во дивоизградени куќи, кои се легализирани. Дали е тоа етички? Или против тоа гласаат советници чии партии го донеле Законот за легализацијата – рече Јакимовски.

Тој додаде дека има работи и за кои се согласуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи: