Јанески: Беше предизвик и одговорност да се раководител на Црвена Младина

Беше навистина предизвик и одговорност да се биде раководител на Црвена Младина – младината на најброрастечката grassroot партија Левица. Младината на партијата која ја гласаа најмногу млади и која ја има најголемата поддршка на младите. Изминаа две и пол години откако без назначен за претседател на Црвена Младина која тогаш имаше активни членови кои можеа да се избројат на една рака.

Затоа сакам јавно да ја искористам приликата да се заблагодарам на сите дечки со кои заедно макотрпно сме работеле изминатиов период да направиме една младинска организација која ќе биде збиралиште на авангардната младина во Македонија, на најпрогресивното ткиво на млади од Македонија, на оние кои политиката ја гледаат како средство за промена, а не како цел. Збиралиште на угнетените средношколци, студенти и сите разочарани млади.

И без нималку лажна скормност или претенциозност можам да кажам навистина успеавме да поставиме едни нови стандарди во Македонија во младинскиот политички активизам, но и пошироко.

Без многу ресурси, само искрен пристап, со чесност, со непоколебливост, храброст, пркост без никаква доза на калкулации, без лукративни побуди успеавме да станеме најбрзо растечката младинска организација во Македонија која денес брои стотици младински активисти, и илјадници поддржувачи и симпатизери.

Успеавме и автентично да се наметнеме во јавниот и медиумскиот дискурс, нешто што досега било нетипично за било која друга младинска организација освен оние младински организации на ДПМНЕ и СДС на кои им станавме тема на дискусија на нивните состаноци затоа што младите доаѓале со нас, а не со нив.

Додека тие стануваа бироа за вработувања наместо место каде што младите ќе дискутираат за идеи и ќе разговараат како да ја превртат државата наопаку со својата младелачка храброст, лудост и со своите максималистички визии ние станавме токму она од нив спротивното.

Додека тие создааваа стереотипи дека политиката треба да е само за личен интерес или вработување, ние успеавме и пробуваме да ги скршиме тие стереотипи и да наметнеме нова политичка култура дијаметрално спротивна од онаа која тие ја наметнуваат.

Црвена Младина стана младинска организација каде што младите можат да сонуваат за еден подобар свет без повозрасните да ги обесхрабруват и да им велат „Џабе тоа, џабе”. Место каде што младите нема да имаат никакви табу теми, ниту ќе им се плашат на нашите класни и политички непријатели.

А ова не е нешто што е карактеристично за нас. Не дека сме ние нешто посебни. Едноставно сме инспирирани од оние кои претходно тоа го правеле. Младите револуционери кои гинеле против една османлиска империја. Потоа младите партизани кои фатиле пушки во рака на 16, 17, 20, 25 години. Младите биле тие кои секогаш биле во првите борбени редови и гинеле за оваа држава. Не биле егоистичните интелектуалците, не биле земјпоседниците, ниту пак нивните синови и ќерки. Туку тоа биле секогаш децата на обичните селани, работници, обичната раја.

На новиот раководител му посакувам успех во работата, а не се сомневам дека за многу брзо Црвена Младина нема да биде само кадровски извор на Левица, туку ќе биде и кадровскиот извор кој ќе ја храни Републиката со некорумпирани, идеолошки профилирани кадри.

Левица, младите од Левица и јас како многу мал дел од тоа продолжуваме и понатаму со борбата, се додека младиот човек повторно не се почувствува достоинствено во Македонија, нешто што било карактеристично за овие простори во некои други времиња и општествено уредување поразлично од ова. Уредување кое напротив од вообичеаниот десничарски наратив кој се наметнува е повторно попрогресивно и поавангардно повеќе од било кога.

СФ – СН!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.