Јунешки ролати

6 јунешки шницли
300 г мелено месо
150 г коцки чадена сланина
250 г коцки кисели краставички
1 исечена главица кромид
1 кришка бајат леб
150 г кајмак
1 лажица брашно
2 лажици сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Измешајте фил од меленото месо, кромидот, краставичките, сланината, омекнатиот леб, сол, црн пипер и 1 лажица сув зачин.
Шницлите посолете ги, наросете ги со црн пипер и сув зачин, и истолчете ги.  Нанесувајте фил и свиткајте ролати. Испржете ги и издинстајте ги.
Брашното измешајте го со вода, ставете го во тавата и додадете го кајмакот. Откако сосот ќе се згусне вратете ги шницлите во тавата и уште еднаш издинстајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.