Ќофте во сос од печурки

Потребни состојки:
800 г мелено месо
50 г презла
1,5 дл млеко
1 јајце
Сол и бибер
Зачини по желба
За сос:
1 лажица брашно
2 лажици масло
100 г печурки
2 чешниња лук
Вода
Сол


Начин на подготовка:
Потопете ја презлата во топло млеко. По 10 минути, во месото додајте зачини, презла и јајце и мешајте додека да се соедини смесата.
Оставете ја смесата во фрижидер, па обликувајте ќофтиња и испржете ги во подлабока тава. За сосот: Испржете ги печурките и откако ќе испуштат течност додајте брашно, промешајте и додајте вода. Мешајте и оставете да се динста. На крајот додајте ситно исечкан лук и ќофтињата и пржете ги уште неколку минути. Послужете со пире.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.