Денес во Москва експлодираше џип. Огромен пожар го зафати. Сè се случи во предградие на Москва, а се сомнева дека станува збор за обид за ликвидација и дека во автомобилот била поставена бомба.
Две моќни експлозии
Џип „Ленд Крузер Прадо“ експлодирал во московски кварт, а втората експлозија се слушнала откако возилото веќе горело.
Автомобилот му припаѓал на истакнат руски научник вработен во Истражувачкиот институт Стелмак Пољус, голем центар за ласерска и квантно-електронска технологија кој тесно соработува со руската војска.
In Moscow, a car bomb reportedly exploded. pic.twitter.com/IRMWL79fNt— NOELREPORTS (@NOELreports) December 1, 2025
Научникот не е повреден во експлозијата
Научникот не е повреден бидејќи, според информациите, бил на службено патување . На почетокот не се знаело дали има некој во возилото, но подоцна било потврдено дека нема повредени.
Објавени се драматични снимки од пожарот
Снимките покажуваат огромни пламени околу автомобилот, а потоа и изгорениот остаток од возилото. Силна експлозија искршила прозорци на третиот и четвртиот кат од блиската зграда.
Според медиумите, неименуваниот научник, кој бил цел на нападот, неодамна се преселил во таа зграда.
A car exploded in the courtyard of a residential building in New Moscow, the passenger car continues to blaze, eyewitnesses report. The incident occurred in the city of Moskovsky on Raduzhnaya Street.There is no information about casualties yet. Emergency services are working… pic.twitter.com/IilRvcunXP— Zlatti71 (@Zlatti_71) December 1, 2025
Поширокиот контекст и реакцијата на властите
Украина претходно ја презеде одговорноста за експлозиите на руска територија насочени кон воени цели. Руските власти објавија дека на местото на настанот на улицата Радужни се испратени пожарникари.
– Пожарот сега е изгаснат, вратата не беше отворена, никој не беше извлечен – рече еден од жителите на зградата.
The post Џипот на познатиот руски научник е дигнат во воздух! Страшни експлозии во Москва, скршени прозорци на згради, објавени снимки (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.



