Во градскиот парк постои необична и скриена куќа, за која мал број на луѓе знаат. Многу пати имате поминувано покрај неа, но ја немате забележано затоа што веќе долг период е составен дел од амбиентот на бараките на Град Скопје. Куќата се наоѓа на само неколку метри од главниот влез во Градското собрание.
Приказната за овој необичен објект започнува во 20-тите години на минатиот век. Во еден скопски документ, кој е датиран од периодот 1923-1928, се истакнуваат зафатите во Градскиот парк, а куќата за која зборуваме, најверојатно, е изградена помеѓу 1923 и 1926 година. Сепак, тоа не било обична куќа, туку вила со намена за управителот на скопскиот парк, некој вид на резиденција изградена во швајцарски стил. Покрај вилата постоела стаклена бавча од 200 м2, во која се одгледувало разновидно цвеќе и насади за парковите.
Паркот започнал да се шири, па затоа потребата од поголема стаклена бавча и расадник била голема. Во годините кога била изградена куќата, во паркот биле насадени големи и мали палми, бегонии, зумбули, лалиња, јасен, шпанско дрво, багреми црници, високи и ниски ружи и многу други цветни и растителни асортимани.
Повозрасните жители кои израснале околу Зоолошката градина и паркот, и денес се сеќаваат на стаклената бавча, на куќата која сe уште е зачувана. Паркот е вистински рај на скопското детство, особено за оние што израснале во негова близина. Куќата на управителот претрпела промени, но сочувани се автетичноста и естетиката. Очигледно е дека станува збор за своевиден споменик на културата кој треба да се зачува.
Текст на Данило КоцевскиКуќата се наоѓа на само неколку метри од главниот влез во Градското собрание.
Приказната за овој необичен објект з


