ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака тотална контрола врз медиумите!

Медиумите кои секојдневно отстапуваат илјадници секунди за пропагандата и манипулациите од фабриките за афери на СДСМ во своите информативни програми повторно известуваа селективно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните кои ги следат овие медиуми уште еднаш ја немаа можноста да добијат вистинска слика за случувањата во земјата и да ја слушнат вистината. Граѓаните кои ги следеа овие медиуми не дознаа дека Британската ИТ компанија „Алокејт софтвер“ која ја зголемува почетната планирана инвестиција од 5 на 7,5 милиони евра во својот Центар за развој на апликации во Скопје, ниту пак дека Лабораторијата за белодробни заболувања е подновена со нова апаратура набавена од страна на Министерството за образование и наука, во износ од 8,5 милиони денари а истата е веќе ставена во функција за потребите на Институтот за белодробни заболувања и туберколоза-Скопје.
Но, затоа 24 Вести во своите централни вести оддели 1315 секунди за промовирање на тезите произлезени од измислиците и конструкциите на СДСМ, додека во дебатните емисии на оваа телевизија на манипулациите на опозицискиот блок и извртување на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ им беше доделена секундажа од 3096 секунди. ТВ Телма вчера во централните вести во 725 секунди дозволи промоција на ставовите произлезени од манипулативната пропаганда базирана врз измислиците на СДСМ и неаргументираните напади врз ВМРО-ДПМНЕ.
Само на овие две телевизии пропагандата базирана на лаги и измислици од СДСМ и партиските насоки од Бихаќка за неаргументирано напаѓање на ВМРО- ДПМНЕ беа застапени со вкупно 5.136 секунди во само еден појас на информативни програми и дебатни емисии, односно неколку пати повеќе од тоа во текот на целиот ден.
Од почетокот на март СДСМ доби 104.458 секунди во само еден програмски појас на две телевизии кои според извештаите од Бихаќка се фер и балансирани и не се ставени на листата на политички непријатели на Заев и СДСМ. Кај соросовите портали како Плус Инфо, Либертас, А1 Он, Нова Тв, Фокус и другите кои граѓаните ги препознаваат како мегафони на опозицијата ништо ново.
Според предвидената норма, објавени се 113 неаргументирани написи против ВМРО-ДПМНЕ и уште 90 за промовирање на измислиците на СДСМ. Од балансираното новинарство кај овие портали важи само балансот на банкарското салдо после посетата на Сорос.
Ваква медиумска Македонија сака да гледа СДСМ. Сите портали и телевизии кои спроведуваат директиви од СДСМ се прогласувани за добри телевизии, а сите кои не се покоруваат на наредбите од Бихаќка треба да бидат казнети со одземање лиценци. Тоа е лицемерието на СДСМ во врска со медиумите и правото на слобода на информирање.
СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите. Ваквото тоталитарно однесување на СДСМ кон медиумите одговара на стандардите на Северна Кореја и ИСИС.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните кои ги следат овие медиуми уште еднаш ја немаа можноста да добијат

Пронајдете не на следниве мрежи: