ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се води по мотото: „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“

Единствените инвестиции за кои знае СДСМ се инвестициите „едно евро за Вицето“ и 8 милиони евра од случајот Глобал кои завршија во џебот на аболираниот криминалец Зоран Заев.Во времето кога СДСМ беше на власт, граѓаните масовно се ограбуваа, а странските инвеститори бегаа од Македонија како што Заев бега од избори.
Затоа СДСМ не може да наброи ниту една инвестиција и не смее да помисли да го спомене Ауди или било која компанија на која и бил побаран поткуп и се откажала да каква било соработка со корумпираните челници на партијата.
За разлика од СДСМ и економските експерти од вечерната школа „Вице Заев“, она што го стори ВМРО-ДПМНЕ за да ги привлече странските инвеститори го препознаа сите релевантни институции на меѓународно ниво.
Во извештајот Doing Business 2016 на Светска банка, Македонија е рангирана на високото 12 место меѓу 189 земји во светот, 6 место во Европа и прво во регионот на Југоисточна Европа. Ова претставува подобрување од 82 места во однос на 2006 година кога земјата беше рангирана на 94 место.
Во Извештајот за глобална конкурентност 2015-2016, Македонија e рангирана на 60 место од 140 земји во светот, што е подобрување за 24 места во однос на извештајот за 2006-2007 година. Heritage Foundation ја рангира Македонија на 47 место во светот според Индексот на економски слободи за 2016 година, што е подобрување за 31 место во споредба со 2006 година кога бевме рангирани на 78 место. Македонија е прворангирана во регионот на Југоисточна Европа.
Според најновата ранг-листа на магазинот Форбс за 2015 година, Македонија е рангирана на 39 место меѓу 144 земји за водење бизнис. Во однос на 2007 година забележан е напредок од 43 места.
Растот на економијата го движат високите капитални инвестиции од буџетот, како и извозот на компаниите кои се директни странски инвеститори во ТИРЗ и индустриските зони. Странските директни инвестиции во земјата кумулативно, за периодот од 2007 до јуни 2016 година, достигнаа 2,4 милијарди евра. Во анализираниот период, во земјата свои инвестиции остварија или остваруваат над 50 поголеми странски компании, кои придонесоа за директно отворање на над 16.000 нови работни места и за индиректно вработување на голем број други лица.
Како резултат на ваквите владини политики невработеноста од 38% во време на СДСМ падна на рекордно ниски 24,5%. 
Странските компании исто така придонесоа кон зголемување на извозот, кој во 2015 година забележа историски највисоко ниво од повеќе од 4 милијарди евра, од кои 1.5 милијарди евра или околу 36% се високотехнолошки производи со повисока додадена вредност од ТИРЗ. Со тоа, структурата на извозот од Македонија за првпат по независноста бележи диверзификација кон поразвиени технологии. Продолжувањето на овој тренд ќе ја зголеми конкурентноста на македонската економија и нејзината позиција на меѓународниот пазар.
Овие факти се тешки за поимање и прифаќање за економските експерти на СДСМ кои знаат само да пресметаат колку евра треба да одат кај Вицето. Тоа е така бидејќи СДСМ нема интерес Македонија да се развива и да оди напред. За СДСМ најприфатлива е Македонија онаква каква што СДСМ ја остави зад себе – во пустош, со нула странски инвестиции, огромна невработеност, беда и сиромаштија. За СДСМ е трагедија кога Македонија бележи успеси, водејќи се по мотото „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“.
Но граѓаните веќе 11 години на СДСМ енергично му укажуваат дека одбираат да живеат во просперитетна Македонија, во каква нема место за деструктивниот и неспособен СДСМ. Оваа лекција на СДСМ 10-ти пат по ред ќе му биде повторена на 11-ти декември.Во времето кога СДСМ беше на власт, граѓаните масовно се ограбуваа, а странските инвеститори бегаа од Македонија како што Заев бега од избори.

Пронајдете не на следниве мрежи: