Чоколадна торта готова за 45 минути

Изненадете ги најблиските, направете им чоколадна торта.Состојки:
8 јајца
200 гр шеќер
1 дл масло
700 гр чоколадо за готвење
½ прашок за пециво
0.5 л слатка павлака
Подготовка:
Одвојте ги белките од жолчките и направете од нив цврст снег.
Во жолчките додадете шеќер и изматете ги за да добиете глатка смеса. Во смесата додадете масло и прашок за пециво и сето тоа добро изматете го со миксер.
300 грама чоколадо се топат на пареа. Стопената чоколада додадете ја во смесата и повторно добро измешајте.
Во смесата се додава и снегот од белки, повторно се меша, но овој пат рачно. Добиената смеса се исипува во калап и се пече 40 минути на 180 степени.
Слатката павлака ставете ја на тивок оган да се загрее и во неа додадете 400 грама чоколада. Мешајте додека смесата добро не се изедначи.
Добиениот крем исипете го врз кората. Од горе обилно поросете со какао и вашата торта е готова!Состојки:
8 јајца
200 гр шеќер
1 дл масло
700 гр чоколадо за готвење
½ прашок за пе

Пронајдете не на следниве мрежи: