АБА лига го суспендира Вујошевиќ

Челниците на АБА лигата, поради инцидент по поразот на Партизан од Солнок, решија да го суспендираат тренерот на белградскиот тим Душко Вујошевиќ.

„Вујошевиќ е суспендиран врз основ на официјалниот извештај кој е составен по натпреварот, а во кој се наведува неговото неспортско однесување“, пишува во соопштението на АБА лигата, во кое не се појаснува што сторил тренерот на Партизан и кој го пријавил.
Според правилата на јадранската лига, суспензијата значи дека Вукошевиќ нема да го предводи Партизан на најмалку две средби (Задар и Крка).
Конечната одлука за времетраењето на суспензијата ќе биде соопштена во наредните седум дена, кога ќе бидат собрани изјавите на сите актери во инцидентот.

Макфакс

читајте пулс24

 

Пронајдете не на следниве мрежи: