Лазовски повеќе не е тренер на Работнички

Поразот од Кожув ја искомпликува битката за едно од првите пет места на табелата, па тоа беше сосема доволно Работнички да го вклучи алармот во својата екипа, Марјан Лазовски повеќе не е тренер на Работнички.

„Можам да потврдам дека Марјан Лазовски веќе не е тренер на Работнички, оваа одлука е донесена по поразот од Кожув, со кој што се искомпликува битката за едно од првите пет места на табелата“ изјави спортскиот директор на Работнички Дејан Јовановски за „новаМакедонија“.

Тимот на Работнички за мечот со Лирија ќе биде предводен од Влатко Владичевски.

Извор/Изјава „НоваМакедонија“

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: