Оклахома ги победи Спарси, Лин и Харден го растурија Њујорк

Екипите на Оклахома Сити, Хјустон, Мемфис, ЛА Клиперс, Орландо и Феникс, забележаа победи на натпреварите кои во НБА лигата се одиграа во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот.

Оклахома, во дербито, го совлада Сан Антонио со 107:93 и ја запиша 11-та победа во низа.
Шпанскиот репрезентативец, Серж Ибака, блескаше во победата на Оклахома, тој имаше учинок од 25 поени, 17 скокови и три блокади. Уште четворица играчи на Тандер постигнаа двоцифрен број на поени: Расел Вестбрук (22 поени, 9 асистенции, 6 скока), Кевин Мартин (20 поени) и Кевин Дурент (19 поени, 6 скока).
Спарси на оваа средба играа без Ману Џинобили, во поразот најефикасни беа француските интернационалци Тони Паркер и Надо Де Коло кои постигнаа по 14 поени.
Хјустон е првата екипа која сезонава го порази Њујорк Никс во ’Медисон Сквер Гарден’.
Хјустон до победата го предводеше довчерашниот играч на Њујорк, Џереми Лин. Момчето кое минатата сезона ја залуде Америка, во победата на Хјустон од 109:96, имаше учинок од 22 поени, 8 асистенции, 4 скока и 2 украдени топки. Одличен меч одигра и Џејмс Харден кој имаше двоен ефект, 28 поени и 10 скокови.
Никси овој меч го одиграа без Кармело Ентони (повреда на скочниот зглоб), во него отсуство најпрецизен беше Крис Коплен со 29 поени.
Екс кошаркарот на Бостон, Глен Дејвис, постигна 28 поени, а Орландо ја совлада Минесота со 102:93. Кевин лав ги предводеше Вулфси со 23 поени и 15 скокови.
Мемфис го совлада Чикаго со 80:71, иако неговите кошаркари во првата четвртина постигнаа само 11 поени.
Мајк Конли со 17 поени, односно Зак Рендолф со 10 поени и 15 скокови беа најдобрите играчи на Мемфис. Кај Чикаго се истакнаа Карлос Бузер (16 поени и 13 скокови) и Марко Белинели со 13 поени.
ЛА Клиперси во Детроит го победија домашниот тим со 88:76, Блејк Грифин и Џамал Крофорд со по 15 поени беа најефикасни играчи на Клиперси.
Кошаркарите на Феникс, во дуелот со Сакраменто надополнија негатива од 19 поени и на крајот победија со 101:90. Шенон Браун со 22 и Џеф Дадли со 20 поени беа најефикасните играчи на Феникс, Сакраменто го предводеше Џимер Фредат со 22 поени.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: