Гечевски MVP на 13-то коло во АБА лигата

Loading...

Центарот на МЗТ Скопје Аеродром, Тодор Гечевски е најкорисниот играч во 13-то коло во АБА лигата. Ветеранот во победата над Крка, 92:88, оствари 30 индексни поени.

Гечевски натпреварот го заврши со 21 поен, 9 скока, 3 асистенции, една украдена и една загубена топка.
Подобар учинок од Гечевски во ова коло имаа Чедомир Витковац (Будуќност) 36 индексни поени и Дру Гордон (Партизан) 33 индексни поени, но нивните екипи забележаа порази во 13-та рунда во јадранската конкуренција, па поради тоа признанието оди кај Гечевски.
На натпреварот со Крка, одлична статистика имаа уште Дамјан Стојановски (27 индексни поени) и Никола Оташевиќ (24 индексни поени).
На листата на најкорисни кошаркари во АБА лигата води Дарко Планиниќ (Широки) со просек од 21,77 индексни поени, го следат Мартон Бадер (Солнок) 19,50 и Борис Савовиќ (Црвена ѕвезда) 17,77 индексни поени по натпревар.

Макфакс

loading...
Loading...