5те најдобро облечени луѓе за 2012

Loading...

Од младите отмени ќерки на Обама па се до авангардниот стил на Кара Делевињ. Г2  тимот за мода ги претставува нивните победници за стил од оваа годината.

 

Бен Вишо како Кју во Скајфол

Очилата, порабената сомотска јакна и палто, кои што ги носи Вишо во сцената со Бонд, снимена во националната галерија во Лондон, беше перфектен микс од источно – лондонската кул кабаница.

 

Малија и Саша Обама

Ако стилот на Мишел Обама беше модната приказна на првиот мандат на Обама, произлезената модна свест за изгледот на нивните две ќерки би била стилската приказна која ќе го дефинира вториот. Постои таа американска елеганција која го препознава влијанието на нивната мајка, меѓутоа  Малиа ја фаворизира електричната сина боја, додека Саша сака апстрактен дизајн.

Гвинет Палтроу

Гвинет, како и секогаш не фасцинира со своите избрани креации и можеме да видиме колку силно работи на тоа. Овде гледаме како таа прерасна во поп – културна икона, која никогаш не изневерува со своите модни избори на црвениот тепих.

Кристен Стјуарт и Роберт Патисон

Дали ке се појават заедно или одделно, тие полека внесуваат модерни новини во холивудската мода. Таа е непредвидлива, преобразувајќи се од кратки деликатни сукнички до долги коктел фустани и моторџиски јакни, додека тој носи се, само не досадни костими, усовршувајќи ја сопствената елеганција и гламур.

Кара Делевињ

Дваесет годишната Кара, модел на годината на Британските награди за мода во ноември, стана и главно лице за 2012 година. Додека нејзниниот стил е прилично типитчен модел во секојдневието, таа стана позната и по нејзиниот треперлив краток фустан и разбушабената коса на Британските модни награди.

loading...