Нема крај на серијата на Оклахома

Екипите на Оклахома Сити Тандер и ЛА Клиперс ги продолжија победничките серии во НБА лигата. Оклахома против Атланта стигна до 12-та, а Клиперси во дуелот со Њу Орлеанс стигнаа до 10-та последовна победа.

Оклахома, во дербито, ја победи Атланта со 100:92, брилијантен меч одигра првата ѕвезда на Тандер, Кевин Дурент кој постигна 41 поен, на кои придодаде 13 скокови. Дурент одлична поддршка во нападот доби од Расел Вестбрук кој постигна 27 поени (21 во првото полувреме), а имаше и 11 асистенции. Џеф Тиг со 19 поени, односно Џош Смит со 17 поени и 13 скокови беа најекспонираните играчи на Атланта.
Клиперси, против Њу Орлеанс забележаа победа од 93:77, екипата од ЛА до десетата победа во низа ја предводеа Блејк Грифин со 18, Џамал Крофорд 17 поени, додека Крис Пол имаше 10 поени и 12 асистенции.
Њујорк ја продолжи доминацијата на домашен терен, откако во градското дерби го совладаа Бруклин со 100:86. До 11-та победа во 12-от дуел на домашен терен, Никси беа предводени од Кармело Ентони кој реализира 31 поен. Мело, кој по кусата пауза поради повреда се врати на паркетот, голема помош доби од Џеј Ар Смит (19 пони) и Тајсон Чендлер (16 поени и 12 скокови). Џо Џонсон со 17 поени беше најефикасен кај Бруклин, додека Дерон Вилијамс имаше учинок од 16 поени и 10 асистенции.
Пол Пирс, во победата на Бостон над Кливленд од 103:91 постигна 40 поени, на кои придодаде осум скока, 5 асистенции и три украдени топки. Пирс стана најстариот играч на Селтикс кој постигнал 40 поени на еден натпребар. Реџон Рондо запиша 20 поени, осум асистенции и четири скока, додека кај Кливленд се истакнаа Кајл Ирвинг со 22 и Тајлер Зелер со 20 поени. Резултати:

Торонто-Детроит 97:91

Њујорк-Бруклин 100:96

Орландо-Вашингтон 90:83

Индијана-Јута 104:84

Бостон-Кливленд 103:91

Атланта-Оклахома 92:100

Хјустон-Филаделфија 125:103

Феникс-Шарлот 121:104

Мемфис-Милвоки 90:90

Сакраменто-Голден Стејт 131:127

ЛА Клиперс-Њу Орлеанс 93:77.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: