Mакедонска мода во Домиталиjа

Loading...

Новогодишна поп ап продавница на македонски дизајнери во салонот за мебел Домиталиjа  во Скопје (спроти Рамстор), ќе биде отворена од 24-ти.до 29 ти декември, каде од 10 до 20 часот и од 10 до 15 часот (сабота) ќе може да се видат нови парчиња мебел наменети за престојните празници.

Тимот дизајнери и салонот за мебел „Domitalia“ организира распродажба на новогодишните модни колекции на брендовите Ludus Loves Fashion, Chic Undercowear, Бобан Илиевски, и Маја Кироска, како и накитот на Капка, дизајниран од Јана Ацевска.
Новото изненадување од македонските дизајнери е соработката со салонот „Domitalia“, кој во улога на домаќин ќе отстапи дел од својот простор за продажба на новите празнични модни колекции.
Поддржувајќи ја младата македонска модна сила, салонот на своите клиенти покрај својата новогодишна понуда на 30 отсто намаление на експонатите, во деновите пред празниците ќе биде место каде ќе може да се најдат сосема нови лимитирани парчиња облека од специјално направените новогодишни колекции на женска и машка облека.

Макфакс

loading...
Loading...