Математиката во секојдневниот живот

Loading...

Најчесто математиката е кошмар за повеќето од нас. Веројатно треба мозокот да ни биде на многу повисоко интелектуално ниво за да можеме да ја разбереме, но и да ја сакаме. Несвесно, многу пати ни се случило да ја примениме математиката во секојдневниот живот. За оние кои тоа не го забележале, ви препорачуваме да ја прочитате оваа статија. Ќе сфатите дека навистина нема бегање од математиката…

Математика во љубовта

Паметен маж + паметна жена = романса

Паметен маж + глупава жена = афера

Глупав маж + паметна жена = брак

Глупав маж + глупава жена = бременост

 

Математика во пазарувањето

Maжот ќе даде 200 денари за едно нешто што му треба.

Жената ќе даде по 100 денари за две нешта кои не и требаат.

 

Општи равенки и статистики

Жените се грижат за иднината, се додека не се омажат.

Мажите никогаш не се грижат за иднината, се додека не се оженат.

Успешен маж е оној кој заработува повеќе отколку што троши неговата жена.

Успешна жена е онаа која ќе пронајде таков маж.

 

Среќа

За жената да биде среќна со мажот, треба да го разбира, и да го сака барем малку.

За мажот да биде среќен со жената, треба многу да ја сака и да не се обидува да ја разбира воопшто.

 

Долг живот

Оженетите мажи живеат многу подолго од тие кои не се оженети, но многу повеќе од нив се подготвени да умрат.

 

Меморија

Секој оженет маж треба да се обиде да ги заборави своите грешки. Нема потреба двајца луѓе да се сеќаваат на истите нешта.

 

Изглед

Мажите се будат со исто толку добар изглед како и што си легнуваат.

Додека изгледот на жената на некој начин се влошува додека спие.

 

Сколоност кон промена

Кога жените се омажуваат, очекуваат мажот да се промени, но тој останува ист.

Кога мажите се оженуваат, тие очекуваат жените да останат исти, но за жал тие се променуваат.

 

Техники за дискусија

Жената секогаш го има последниот збор во дискусиите.

Се што ќе каже мажот после него, е почеток за нова дискусија.

 

Разбирање

Постојат два пати кога мажот не ја разбира жената, а тоа е: пред и по бракот.

 

loading...