Перо Антиќ доби нов соиграч

Европскиот шампион во кошарка, екипата на Олимпијакос, во пресрет на натпреварите во Топ 16 фазата, ја засили центарската линија со нов играч.

Соиграч на Перо Антиќ ќе биде репрезентативецот на Грузија, Гиорги Шермандини, кој го раскина договорот со Макаби и реши да се пресели во Атина.
Грузиецот, стана ’вишок’ во Макаби, откако израелскиот првак потпиша договор со Дарко Планиниќ од екипата на Широки.
Шермандини, кој е висок 216 сантиметри, во кариерата има настапувано за Панатинаикос, Олимпија и Канту, сезонава во Евролигата има просек од 4,8 поени и 2,3 скока по натпревар.

Пронајдете не на следниве мрежи: