Мајка по телефон го слушнала силувањето на својата 15 годишна ќерка

 

19 – годишно момче се појави завчера на суд, откако една мајка го чула силувањето на својата 15 – годишна ќерка, кога и се јавила за време на ова грозоморно случување.

 

Тинејџерката беше нападната во Елсвик со заканување со четири – инчен кујнски нож. А, нејзината мајка го слушнала нападот кога и се јавила на својата ќерка на мобилен, бидејќи била загрижена што нејзината ќерка сеуште не се вратила дома. Откако го слушнала гласот на силувачот, таа веднаш повикала полиција.

 

Абдул Залах Миах (19 години), се појави во судот на Њукасл, обвинет со 3 точки од обвинението за силување, киднапирање, лажно затворање, упатување закани дека ќе го убие девојчето, грабеж и поседување на оружје. Абдул не покажа никакви емоции кога влезе во судницата, само го потврди својот идентитет. Обвинителот Зина Бегум изјави: „Овие се многу сериозни обвинувања“, а бранителот Џон Весенкрафт не даде барање за кауција.

 

Судијата Тревор Волтон се изјасни за Абдул: „Ќе останете во притвор до 4 јануари 2013, кога ќе треба да се појавите во судот во Њукасл“ 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: