Игокеа загуби од Будуќност

Лидерот во АБА лигата, Игокеа, загуби во 15-то коло, во Подгорица од Будуќност со 76:71.

Игокеа и покрај поразот остана на водечката позиција во лигата со две победи повеќе од Црвена ѕвезда и Партизан, додека Будуќност со скор 8/7 стигна на делба на шестото место.

Витковац со 14 и Поповиќ со 13 поени беа најпрецизни кај Будуќност, додека Јоровиќ со 15 кошеви ја предводеше Игокеа. Резултати од 15. коло во АБА лигата:
Крка-Партизан 58:66
Црвена ѕвезда-Задар 88:79
Широки-МЗТ 71:72
Сплит-Олимпија 78:70
Раднички-Цедевита 85:77
Цибона-Солнок 97:71
Табела: Игокеа 12/3, Ц.ѕвезда и Партизан 10/5, Цедевита и МЗТ 9/6, Будуќност, Раднички и Олимпија 8/7, Цибона, Задар и Сплит 6/9, Крка 5/10, Широки и Солнок 4/11.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: