Дневен хороскоп- 28.12.2012

Loading...

 

Дневен хороскоп за 28.12.2012

 

ОВЕН

Доколку се впуштивте во врска со некој кој не е слободен, или освестете се навреме и прекинете или вклучете се во врската повеќе отколку што сте имале намера. Одлуката ќе биде само ваша. Без оглед на притисоците, останете достојни на својот став.

БИК

Со оглед на тоа што во последно време малку се запуштивте, денеска ќе си го посветите денот себеси и ќе се погрижите за здравјето и за изгледот. Можеби ќе направите нова фризура или ќе купите ново парче гардероба, а тоа ќе воодушеви некого во вашата близина. 

БЛИЗНАЦИ

Доколку сте во врска, ве очекува интересен ден полн со изненадувања. Оние, пак, кои се' уште не ја нашле својата половина, ќе бидат изненадени од нечија љубовна понуда. Една ненадејна средба на улица ќе ве одведе до романтична вечера.

РАК

Доколку сте се впуштиле во дружба со колегите, денеска бидете подготвени за флерт, кој лесно може да прерасне во страсна врска. Неочекуваното е најслатко и најубаво. Внимавајте само да не се одрази врз работата. Завршете ги навреме обврските, а потоа уживајте.

ЛАВ

Искористете го денешниов ден за да се приближите до некого и да му ја покажете својата симпатија. Тој или таа ќе бидат воодушевени од вашиот настап. Ѕвездите ви навестуваат успех, а иднината ветува и голема финансиска добивка. Се' оди во ваша корист.

ДЕВИЦА

Не заборавајте утрово да се напиете витамини, зашто навистина ќе ви требаат. Сепак, се' е позитивно, па немате причина за грижа. Работата е во тоа што сите околу вас ќе бидат малку хаотични, а тоа ќе ви влијае, односно ќе ве исцрпува и вас. 

ТЕРЕЗИЈА

Конечно ќе успеете да најдете малку време и за старите пријатели, а тој потег ќе ви донесе и некои добри резултати на деловен план. Вечерва излезете на прошетка и под ведро небо изјавите му љубов на некого. Кој може да одолее на ваква романтика… 

СКОРПИЈА

Пријатен ден. Кренете ги нозете на стол, порачајте кафе и минете го денот во уживање и олабавување. Почестете се и со добра книга, а практичниот дел од креативното создавање одработете го вечерва во кујната. Пред вас е незаборавна вечер.

СТРЕЛЕЦ

Во последно време лесно се нервирате и влегувате во расправии без потреба, а сето тоа зашто немате нерви да ја сослушате другата страна. Обидете се барем на момент да покажете интерес за она што го зборуваат другите. Така ќе сфатите дека не сте во право.

ЈАРЕЦ

Пред вас е еден важен разговор поврзан со промена на животниот статус, па најдобро е подготвено да го дочекате. Искористете ги аргументите на најдобар можен начин и не губете ги нервите, зашто на крајот ќе поминете подобро отколку што се надевавте.

ВОДОЛИЈА

Не верувајте им на ветувањата кои ќе ги добиете денеска, затоа што не се засновани врз реални темели. Завршете го сами сето тоа што треба и на тој начин поштедете се од разочарувања и губење време. Вашето сакано лице ќе биде исполнето со мотивација.

РИБИ

Иако не е пролет, вие се чувствувате убаво. Обидете се да завршите барем дел од денешните обврски, а дури потоа да се впуштите во морето на задоволства. Личноста со која ќе се сретнете денеска ќе има големо влијание врз вашиот живот.

loading...