Лута супа му направила дупка во стомакот

Откако ја изел лутата супа, неименуваниот маж од Кина, кој никогаш до сега немал проблеми со желудникот, осетил остра болка и започнал да повраќа крв.Маж од Кина (26) имал крајно незгодна ситуација после конзумирање на традиционална лута супа, која верувале или не, му направила дупка во стомакот.

 

Имено, супата која ја изел мажот, е традиционално кинеско јадење по име ''мала'', што во превод би значело најлуто. Името го добила од нејзините највпечатливи карактеристики. Во супата се наоѓа сечуанска пиперка, локални зачини и чили.

 

Откако ја изел оваа супа, неименуваниот маж, кој никогаш до сега немал проблеми со желудникот, осетил остра болка и почнал да повраќа крв. Тој брзо е префрлен во болница, надвор од градот Вуан, каде докторите му откриле дупка во стомачниот ѕид. 

 

Според пишувањето на весниците, некои ресторани започнале да користат синтетички состојки кои ги имитираат карактеристиките на природните зачини. Кинеските медиуми не наведоа што се наоѓало во супата која мажот ја изел…

Пронајдете не на следниве мрежи: