Шокантно: Тинејџерка ќе слави Нова година со стар фустан

Штотуку пристигна вест до нашата редакција дека тинејџерка одбила да си купи фустан за новогодишната ноќ. 

На нејзините другарки сеуште не им е јасно зошто таа не сака да купи нов фустан. Тие се загрижени за имиџот на нивното друштво, бидејќи сите веќе имаат купено нов фустан од Манго. 

 

“Не ни е јасно зошто Маци не сака да си купи фустан за новогодишната ноќ. Зарем тие 12.000 денари и се проблем? Ние ќе направиме се за да ја предомислиме, бидејќи се работи за имиџот на нашето друштво“, потресено изјави една од другарките. 

На Фејсбук веќе се појавија групи за поддршка на друштвото и иницијатива за девојката да си купи фустан од Манго. Другарките се загрижени бидејќи на новогодишната ноќ “треба да ги освојат машките срца“ со своите нови фустани. Доколку нивната другарка не купи нов фустан, тоа може да и наштети на реализацијата на целта на нејзините другарки. 

 

Целта на оваа вест е да ве насмее!

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: