Академијата го продолжи рокот за номинациите за Оскар

Американската Академија за филмски уметности и наука го продолжи рокот за номинирање на филмовите за наградата Оскар до петок, поради проблеми со новиот систем за електронско гласање.

Академијата во понеделникот изрази загриженост дека проблемите со новиот систем би можеле да придонесат за малиот одзив на гласачите – членови на академијата кои со гласање одлучуваат кои филмови ќе бидат номинирани.
Одделни членови на Академијата изјавија дека имале проблеми да пристапат на системот за гласање преку интернет, и изразиле загриженост заради можноста системот да биде „хакиран“.
Од оваа година членовите на Академијата, кои ги има околу 6.000, имаат избор да гласаат преку интернет или преку пошта, што би требало да им остави повеќе време да ги видат номинираните филмови пред доделувањето на наградите на 24 февруари.

Пронајдете не на следниве мрежи: