Неофицијално: Марин Докузовски го презема кормилото на Работнички

Од неофицијални извори дознаваме дека Марин Докузовски е еден од главните кандидати за тренерското место во Работнички и во следните неколку дена се очекува да ја официјализира соработката со раководството на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.

Работнички е во потрага по нов тренер откако беше прекината соработката со Марјан Лазовски, а во меѓувреме со оваа функција беа поврзувани неколку тренери.

Потпис на договорот треба да се случи во наредните денови откако поради слабите резултати на Лукоил на европска сцена, тренерското место на Марин Докузовски во Бугарскиот шампион е доведено под знак прашалник.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: