Кошаркарите на Каха Лаборал со победата во Израел, над Макаби, направија вистинско изненадување во Ф групата, во Топ 16 фазата.
Натпреварот во ’Нокиа Арена’ го реши Фернандо Сан Еметерио со поените кои ги постигна на девет секунди до истекот на времето. Шпанскиот тим до победата од 71:70 го предводеше српскиот репрезентативец Немања Бјелица кој постигна 17 поени (5-8 за три), од кои девет во последната четвртина кога Каха Лаборал ја надомести негативата од осум поени.
Каха по две кола има максимален учинок, додека Макаби го запиша и вториот пораз.
Втората победа ја забележаа и кошаркарите на Химки кои на домашен терен ја совладаа Барселона со 78:65. Планиниќ со 16 поени и шест асистенции беше прво име на натпреварот, покрај него кај Химки се истакнаа Фридзон со 13, односно Жуканенко и Дејвис со по 10 поени.
Реал, според прогнозите, лесно се справи со Бамберг победувајќи со 82:67. Миротиќ со 19 и Керол со 13 поени беа најпрецизните играчи на Реал.
Ефес, во дербито го совлада Панатинаикос со 78:65. Фрамар со 13, односно Лукас со 12 и Савановиќ со 11 поени го предводеа турскиот тим до победата. Кај Панатинаикос над просекот беа само Брамос со 16 и Скорцаниситс со 15 поени.