Будуќност ’јадрански’ предизвик за МЗТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, во сабота, ќе го одиграат првиот натпревар во новата 2013 година. Противник на македонскиот шампион, во рамките на 16-то коло, во АБА лигата, ќе биде екипата на Будуќност од Подгорица.

 

Дуелот во ’Борис Трајковски’ ќе биде директна пресметка на екипи кои конкурираат за висок пласман во Јадранската лига, а МЗТ ќе има можност да му се реваншира на противникот за поразот во првиот меч (71:81), кој се одигра во Подгорица.

„По кратката пауза за новогодишните празници повторно сме во сала и максимално концетрирани за следниот натпревар. Анализирани се играчите и играта на Будуќност и можам да кажам дека се работи за квалитетна екипа, одлично покриена на секоја позиција која секако се бори за висок пласман, па да се добие натпреварот нема воопшто да биде лесна задача. Ние ќе се обидеме да го спроведамe на терен она што цела недела го тренираме и договараме на тренинзите и се надевам на успешно продолжување на серијата“, изјави помошниот тренер на МЗТ Александар Јончевски, за клупската интернет страна.

Натпреварот помеѓу МЗТ и Будуќност ќе започне во 17 часот, а во истиот термин во сабота ќе се одиграат дуелите: Солнок-Широки, Игокеа-Раднички, Цедевита-Сплит, во 19 часот ќе започне дуелот Олимпија-Црвена ѕвезда, додека за 21 часот е предвиден почетокот на натпреварот помеѓу Партизан и Цибона.

Колото во АБА лигата, в недела ќе биде комплетирано со одигрувањето на натпреварот помеѓу Задар и Крка.

Табела: Игокеа 12/3, Ц.ѕвезда, 10/5, Партизан 10/5, Цедевита 9/6, МЗТ 9/6, Будуќност 8/7, Раднички 8/7, Олимпија 8/7, Цибона 6/9, Задар 6/9, Сплит 6/9, Крка 5/10, Широки 4/11, Солнок 4/11.

Пронајдете не на следниве мрежи: