МЗТ загуби од Будуќност

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз стартуваа во 2013 година. Македонскиот првак, во ‘Борис Трајковски’, загуби во натпреварот од 16-то коло, во АБА лигата од Будуќност со 69:76 (18:22, 12:29, 24:14, 15:11).Втората четвртина, која беше најлошата за МЗТ оваа сезона во Јадранската конкуренција, беше клучна за конечниот исход на натпреварот. Будуќност овој период го доби со 17 поени разлика, благодарение на серијата од 23:6.
Милошевиќ со 14, односно Американците Ли и Бост со по 13 поени ја предводеа екипата на Будуќност до победата. Кај МЗТ Чековски постигна 13 поени, Дамјан Стојановски реализира 11 кошеви, додека Гечевски и Бакиќ уфрлија по 10 поени.
По овој натпревар МЗТ има скор 9/7, колку што има и Будуќност.
Екипата на МЗТ, во следното коло, на 14. јануари ќе гостува во Крагуевац кај екипата на Раднички.

Пронајдете не на следниве мрежи: