Хаос во „Пионир“: „Гробари“ фрлаа петарди на теренот, Партизан славеше против Цибона

Кошаркарите на Цибона загубија од Партизан со резултат 74-68 во 16-тото коло од регионалната АБА Лига.

Натпреварот беше прекинат поради нередите предизвикани од страна на домашните навивачи.

Тимот од Загреб добро се држеше до пред самиот крај, но завршницата сепак им припадна на домаќините.

На почетокот од втората четвртина, при водство на тимот од Белград со резултат 19-16, домашните хулигани запалија бакљи и фрлаа кон теренот петарди и други предмети. И двете екипи се повлекоа во соблекувалните, а откако дел од трибината беше испразнета, натпреварот беше продолжен.

АБА Лига, резултати од 16-тото коло…

Цедевита-Сплит 72-75

Шолноки-Широки 69-75

МЗТ-Будуќност 69-76

Игокеа-Раднички 88-85

Олимпија-Црвена Ѕвезда 56-70

Партизан-Цибона 74-68

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: