Вујошевиќ со коментар за „дивеењето“ во Белград: ОВА Е СРАМОТА!

Тренерот на екипата на Партизан, Душко Вујошевиќ видно нервозен реагираше по натпреварот со Цибона откако мечот го одбележаа сосема немили инциденти, дивеење на хулигани.

Вујошевиќ со нервозна реакција поради однесувањето на навивачите на Партизан, кои го прекинаа натпреварот со фрлање петарди на теренот и разни други предмети.

„Знам дека постои поделба кај навивачите на Партизан на овие од Југот и таканаречените „Забранети“, но знам и дека салата не би требало да биде место за нивните пресметки, исто како и стадионот. Не знам зошто дошло до поделби, но тоа нема никаква поврзаност со интересите на клубот. Знаете, јас бев на југот кога Партизан губеше од Хајдук 6-1, но сеедно, се пееше. Вакво однесување е срамота за Партизан и за Белград“ изјави Вујошевиќ.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: