четврток, 12 ноември 2026
Најново

Видео: Пуштија порно филм среде вести

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 

Деновиве, една информативна шведска локална телевизија доби публицитет во светски рамки. Имено, за време на вечерни вести, додека спикерката во студиото зборуваше за новонастанатите моменти од војната во Сирија, во позадина на еден од тв екраните беше пуштен порно филм кој делуваше на сериозноста на прилогот за војната.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Филмот се емитирал цели 10 минути, пред некој од одговорните да примети и да го стопира. Главниот уредник на телевизијата, Андреас Хаглинг се извини за овој настан и вети дека никогаш повеќе нема да се случи. Тој се оправда со фактот дека истата телевизиска куќа, после полноќ, емитува филмови со слична содржина, па некој од нив случајно бил пуштен на екранот за време на вестите.

Погледнете како изгледаше сето ова. 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Поврзани вести