121 ГОДИНА ОД СМРТТА: Ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а во Собранието на Македонија ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката.

Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од османлиската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер.

Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. По убиството на 4 мај 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: