15 кратки и единствени правила за совршени тестенини

Тестенините се едни од најомилените јадења ширум светот. Поголемиот дел од нас барем еднаш неделно ужива во тестенини, а начините на кои ги припремаме се различни.Но, доколку сакате секој пат да направите најдобри тестенини, тогаш ве советуваме да се придржувате кон следните петнаесет правила на најголемите мајстори за припрема на тестенини – Италијанките. 
1. Тестенините секогаш гответе ги со чили. Не премногу луто, бидејќи тоа би го уништило јадењето, но доволно интензивно за да го зајакне вкусот на тестенините.
2. Кога припремате тестенини со шкампи, сварете ги тестенините во водата во која сте ги вареле шкампите, за подобар вкус.
3. Доколку готвите со вино, користете го истото вино кое ќе го пиете во текот на оброкот.
4. Не претерувајте со сосот бидејќи во текот на јадењето треба да уживате и во вкусот на самите тестенини.
5. Испробајте различни облици на тестенини. Постојат околу 350 видови на тестенини ширум светот – тоа е повеќе од доволен избор за експериментирање во текот на готвењето.
6. Доколку сакате да готвите тестенини како што тоа го прават Италијанките, тогаш водата треба да врие од една до пет минути, не повеќе.
7. Доколку готвите јадење со запечени тестенини, секогаш печете така што сјајната страна на алуминиумската фолија да е свртена надолу.
8. Кога топите путер, тргнете го од оган додека сè уште се топи за да не загори.
9. Кога готвите тестенини со зеленчук, исецкајте го зеленчукот на мали парчиња со иста големина со цел рамномерно да се испржат.
10. Додадете сол во водата во која се готват тестенините, но не премногу. Препорачаната количина е десет грама на три литри вода.
11. Кога на јадењето му додавате лимон, исцедете го така што месото од лимонот е свртено спрема дланката за да ги задржите семките.
12. Избегнувајте да додавате лук во тестенините. Тој е неопходен во јадењето само доколку мирисот и вкусот на кромидот кој го користите не е доволно силен.
13. Во водата во која се варат тестенините додадете неколку шери домати.Исечете ги со нож на половина и ставете ги во водата. Тие на тестенините ќе им дадат побогат вкус.
14. Доколку тестенините се изладат додека го подготвувате јадењето, нема потреба повторно да ги греете – само полејте ги со врела вода.
15. При варењето, можете да додадете маслиново масло, но и не морате.Маслиновото масло им дава поинаков вкус на тестенините, па затоа употребувајте го само кога сте подготвени за експериментирање.Но, доколку сакате секој пат да направите најдобри тестенини, тогаш ве советуваме да се придржувате кон следните петнаесет правила на најголемите м

Пронајдете не на следниве мрежи: