Променливо време, температури до…

Синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска предвидуваат променливо облачно време со подолги сончеви периоди и со умерен, повремено засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.Минималната температура ќе се движи од 11 до 20, а максималната од 24 до 31 Целзиусови степени. УВ индексот е 7.
Во Скопје исто така променливо облачно со подолги сончеви периоди и со умерен северен ветер кој повремено ќе засилува. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 27 степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на температурата. Утре ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Температурата побрзо ќе се покачи на крајот од работната недела и во целиов период ветерот ќе биде северен.Минималната температура ќе се движи од 11 до 20, а максималната од 24 до 31

Пронајдете не на следниве мрежи: