Доделени топки на средните училишта на Град Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска/ 24.02.2016 година, во спортската сала на СУГС „Јосип Броз-Тито“, на директорите на сите 22 скопски средни училишта им додели спортската опрема, односно професионални топки.- Градот Скопје, денеска повторно дели спортски топки за одбојка, фудбал, кошарка и ракомет на средните училишта, а оваа убава глетка на разнобојност, шареноликост на топките од најпознатите светски брендови, нека биде уште еден придонес на Град Скопје во долгорочното и успешното остварување на Програмата за Средношколски спорт којашто ја почнавме пред 7 години. Секако дека сме задоволни од постигнатите успеси на локален, државен, но и на меѓународен план, како во резултатска, така и во квантитавна смисла, бидејќи од зголемената масовност на средношколскиот спорт, веќе имаме конкретни, опипливи успеси за почит. Говорам за извонредното претставување на шампионските средношколски екипи на гостувањата во нашите збратимени градови, Белград, Ниш, Загреб, Софија, Софија, Љубљана, Истанбул, кои оваа година ќе бидат наши гости во Скопје. Имено, покрај реконструкцијата на спортските сали, подобрувањето на енергетската ефикасност на објектите на средните училишта, сметаме дека Град Скопје со делењето на спортска опрема, конкретно со делењето на вкупно 963 топки, ќе придонесе за уште поголеми достигнувања во оваа област. За реализација на овој значен проект Градот од својот буџет издвои 750.000 денари. Инаку, ние и во текот изминатите години, односно и 2010 година на училиштата им поделивме 693 топки, а во 2013 година 840 топки, што значи дека досега им имаме поделено околу 2 500 топки. Сакам да истакнам дека заложбата на Градот е да се олесни работата на професорите по спорт и спортски активности од средните училишта, но и да се придонесе кон зголемување на масовноста на практицирање на спортските средношколски активности, коишто се надевам ќе станат составен дел од животот на овие млади луѓе и во иднина, односно ќе спортуваат и како возрасни, изјави градоначалникот Трајановски.
Поделбата на топките е направена во зависност од бројот на учениците коишто ја следат наставата во секое од 22 средни училишта, односно Град Скопје денеска им додели од 35 до 56 топки на секое училиште.
Директорката на СУГС „Јосип Броз-Тито“, Татјана Стојанова Дуева, го изрази задоволството што во нејзиното училиште се организира овој настастан на делење топки каде што се одржува и Средноучилишната лига во кошарка во машка и женска конкуренција меѓу екипите на средните училишта на град Скопје.- Градот Скопје, денеска повторно дели спортски топки за одбојка, фудбал, кошарка и ракомет на средните училишта, а оваа убава глетка на разнобојно

Пронајдете не на следниве мрежи: