Најдобрите 25 ученици од општина Аеродром заминаа на настава во Лондон

Од вчера, 6.12.2016 година, 25-те најдобри ученици од сите основни училишта во Општина Аеродром посетуваат настава во училиштето Брентвуд во збратимената Општина Вандсворт во Лондон.За време на наставата во училиштето во лондонската општина Вандсворт учениците придружувани од одговорен наставник ќе имаат можност да се запознаат со нивниот воспитно-образовен систем, односно со нивните наставни програми и со начинот на одржување на наставата, односно да ги откријат разликите и сличностите во воспитно-образовниот процес во двете земји и да направат споредба меѓу наставата во Македонија и во Велика Британија.
Учениците од Аеродром се сместени кај семејствата на своите соученички, така што можат да дознаат повеќе и за обичаите, навиките и начинот на живот во Велика Британија. Минатата година во јуни Општина Аеродром, всушност, ја испрати првата група најдобри ученици на настава во Лондон, а оваа година во јуни група ученици од Лондон дојдоа во возвратна посета на Аеродром, така што оваа втора посета ја зацврстува традиција во насока на зајакнување на соработката меѓу двете општини.
Тоа им овозможува на учениците размена на искуства и вредности, стекнување нови другарчиња, но и поттик за поголеми успеси во училиштето.За време на наставата во училиштето во лондонската општина Вандсворт учениците придружувани од одговорен наставник ќе имаат можност да се запознаат

Пронајдете не на следниве мрежи: