Судиите му ја одзедоа победата на Евертон

 

Екипите на Евертон и Њукасл одиграа без победник 2:2 (1:0), во последниот натпревар од четвртото коло во Премиер лигата на Англија.

Во одличен натпревар бод на Њукасл му донесе Демба Ба кои ги постигна двата гола за гостинската екипа. 

Евертон два пати водеше, најпрвин со голот на Бејнс по 15 минути игра, а потоа и со погодокот на Аничебе во 88-та минута. Ба конечниот резултат го постави по само 90 секунди, откако Евертон по втор пат стигна до предност. 

Домашниот тим беше драстично оштетен, најпрвин на Фелаини, поради наводен офсајд, му беше поништен регуларен гол, а потоа судиите, по ударот на Аничебе, не забележаа дека топката со целиот обем ја мина гол линијата. 

По четири кола Евертон е на седмото место, со исто толку бодови, додека Њукасл има пет бода и се наоѓа на 11-та позиција. 

Во следното коло Евертон ќе гостува кај Свонси, а Њукасл ќе го пречека Норич. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: