23 пожари и интервенции, а сеуште гори кај Македонски Брод

До 7:30 часот утрово, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал 23 пожари на отворен простор на територијата на државата. Од нив, еден пожар и натаму е активен, два се ставени под контрола, додека останатите 20 се целосно изгаснати.

ФОТО: Територијална Противпожарна Единица Крива Паланка

Активен останува пожарот во месноста Стојанова Населба, во атарот на селото Грешница, Општина Македонски Брод. Таму гори ниска вегетација, грмушки и деградирана шума.
Под контрола се пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што огнот зафатил ниска вегетација и нискостеблеста шума.
Во текот на изминатото деноноќие биле локализирани и изгаснати пожари на повеќе локации низ земјава. Интервенции имало во општините Босилово, Валандово, Богданци, Гостивар, Желино, Брвеница, Гази Баба, Неготино, Сарај, Карбинци, Штип, Чешиново-Облешево, Ново Село, Кривогаштани, Струга, Македонски Брод, Куманово, Тетово и Долнени.
Најчесто горела ниска вегетација, но пожарите зафатиле и стрништа, депонии, деградирана и мешана шума, како и нискостеблеста шума

The post 23 пожари и интервенции, а сеуште гори кај Македонски Брод appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: