Словенците не ја исклучуваат можноста од банкрот

Loading...

Словенците не ја исклучуваат можноста од банкрот на нивната држава, иако добар дел веруваат дека од сегашната економска криза ќе се зивлечат со соптсвени сили и без меѓународна помош, покажува анкетата објавена во понеделник во љубљанско „Дело“.

На прашање дали мислат дека навистина Словенија би можела да банкротира, 57 испитаници одговориле потврдно, 38 негативно, додека останатите не се определиле.

На прашањето како гледаат на изјавите на високите политичари дека Словенија се приближува до „грчкото сценарио“, 35 отсто сметат дека се работи за „реалност“, 32 отсто дека е „политизирање“, а 26 отсто дека се работи за „застрашување“ на луѓето за да ги прифатат мерките за штедење.

Како што покажува анкетата, 53 отсто од Словенците се согласуваат со намерата на владата да го смали бројот на вработени во јавната администрација, а 40 отсто е против.

Дека Словенија е способна сама да излезе од финансиската криза сметаат 47 отсто од испитаниците, а 42 отсто мислат дека е подобро да се бара помош од Брисел, покажува анкетата на „Дело“ спроведена кон крајот на минатата недела врз 500 испитаници.

макфакс

loading...
Loading...